Германската компанија "Кромберг и Шуберт" почна со изградба на својата фабрика во индустриската зона Жабени. Во фабриката ќе бидат вложени 20 милиони евра, а ќе ја гради турската градежна фирма "Пера Констракшн". Почнавме со тампонирање и дренажи и набрзо ќе почнеме со другите активности. Се надеваме дека до крајот на ноември, евентуално декември годинава, ќе заврши изградбата. Му благодарам на градоначалникот за поволностите кои ни ги даваат градските власти во индустриската зона. "Пера Констракшн" во Македонија го градеше трговскиот центар Рамстор, потоа НЛБ Банка, ТАВ Аеродромот - терминална зграда, Џонсон Мети, во моментот гради фабрика во Бунарџик.
Германската компанија "Кромберг и Шуберт" почна со изградба на својата фабрика во индустриската зона Жабени.
Во фабриката ќе бидат вложени 20 милиони евра, а ќе ја гради турската градежна фирма "Пера Констракшн".
- Почнавме со тампонирање и дренажи и набрзо ќе почнеме со другите активности. Се надеваме дека до крајот на ноември, евентуално декември годинава, ќе заврши изградбата. Му благодарам на градоначалникот за поволностите кои ни ги даваат градските власти во индустриската зона - изјави почесниот конзул на Р. Турција Ајдуван Адемовски на неговата средба со градоначалник на општина Битола, Владимир Талески, а на која присуствуваше и амбасадорот на Република Турција.
"Пера Констракшн" во Македонија го градеше трговскиот центар Рамстор, потоа НЛБ Банка, ТАВ Аеродромот - терминална зграда, Џонсон Мети, во моментот гради фабрика во Бунарџик.
Градоначалникот Талески изјави дека со турскиот амбасадор разговарале во Битола да дојдат турски инвеститори.
- Јас сум убеден дека Турција навистина и од срце е заинтересирана да инвестира во Република Македонија. Го понудив она што во моментов е најдобро во РМ - индустриската зона Жабени, Касарната... Амбасадорот беше изненаден од сето она што го имаме како услови. Побара материјали и сите материјали што ги имаме за презентација му ги дадовме. Уште веднаш ќе се сретне со дел од инвеститорите кои сакаат да инвестираат во Република Македонија - рече Талески.
Тој истакна дека амбасадорот првпат слушнал за поволноста што ја дава Општина Битола под одредени услови за 100% ослободување од комуналии. Инаку, 26 потенцијални инвеститори купија околу 34 хектари земја во Жабени или 45 парцели.
Во фабриката на Кромберг и Шуберт" ќе се изработуваат кабелски инсталации и мехатроника за автомобилски компании од Европа. Доколку компанијата работи со полн капацитет ќе обезбеди вработување на над 2.500 лица кои живеат на територијата на Општина Битола, односно 3% од вкупното население во Општина Битола што ќе значи намалување на невработеноста за 30%. Кромберг и Шуберт" е компанија позната во светски рамки по изработка и пакување на кабли за автомобили од светски познатите брендови БМВ, Ауди и Мерцедес.